Saturday, March 20, 2010

Што е ова?

Дали е љубов?
Или само обично затрескување?

Сеедно. Убаво ми е вака.

Убаво ми е кога потонувам во твојот поглед кој за плиткост не знае...
Убаво ми е кога ги сонувам твоите бакнежи кои за ладно не знаат...
Убаво е...
Се е убаво... кога си ти.

Всушност, дали знаеш како се запознвме?
Кога прв пат се видовме?
Незнам за тебе, но јас се сеќавам...

Беше сабота.
Онака убава, како што само сабота може да биде...
И денот најубав. Те видов тебе. Кафени очи, бушава коса, висок... мммм.... :)

Од тој ден некако, да не претерам, се се смени... Апсолутно се.
Не сум веќе истата Елена од претходно.
Ај вака да кажам, се разбуди романтичната страна во мене. :)

И сум му благодарна за тоа.
Сосем за крај...
Го сакам.

Friday, March 19, 2010

Плачам.



Плачам.

Ме боли светот...

Незнам ни самата зошто.
Можеби зошто растам.
Можеби зошто созревам.
Којзнае...

Растам.
Како што растат коските болат.
Тажно болат.
И нема да престанат се додека крикот сам не излезе од болка!